VPodrum 03 (Niko) lyrics

by

Niko


Во завет - сите сништа се потопиле
а на јаве сѐ уште си клето копиле
на држава, што за безбедност слободата ја скрати
но остана без двете, со затворени врати
а Европа далеку е велат, забранета зона
но младите се селат, дури од внатре нѐ гонат
а ти спротивстави се, колку сакаш биди против...
Сѐ е тоа џабе дур те водат идиоти
би направиле сѐ, само да е пун џебот
па се прашувам: Колку ли е прљав буџетот?
Зашто сепак - мора да е полн прашина
штом еднаш годишно завршува во веш машина...
Такви се условите на ова наше пространство
државата вработи милион Македонци - ВО СТРАНСТВО!
Па наместо пион во прв ред од војска владина
јас бирам да бидам дел од достојна младина!

A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z #
Copyright © 2012 - 2021 BeeLyrics.Net